Македонија

БЕЗБЕДЕН ГРАД ЕВИДЕНТИРАЛ 310.865 ПРЕКРШОЦИ: Над 180.000 се од возила со странски таблици

Системот „Безбеден град“ од февруари до август евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 301.835 се за пребрзо возење, а 180.378 од странски возила.

БЕЗБЕДЕН ГРАД ЕВИДЕНТИРАЛ 310.865 ПРЕКРШОЦИ: Над 180.000 се од возила со странски таблици

Над 300.000 казни за пребрзо возење евидентирани од „Безбеден град“

Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2 февруари до 20 август 2026 година, евидентирани се вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив, односно 301.835, се однесуваат на управување возило со брзина поголема од дозволената. Податоците ги објави Министерството за внатрешни работи, кое посочува дека системот продолжува да регистрира прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

180.378 прекршоци од странски возила

Особено голем број прекршоци се регистрирани од возила со странски регистарски ознаки, при што од почетокот на системот се евидентирани вкупно 180.378 прекршоци. Само во периодот од 19 до 20 август биле регистрирани 5.514 прекршоци направени со возила со странски таблици. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

ОЗНАКИ: Сејф сити