Скопје
Дознај прв
ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕНА ПАРК „БОРЕЦ“: нови мермерни патеки и хортикултурно уредување

Во Скопје е во тек целосна реконструкција на Жена парк „Борец“. Според објавеното, градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни. Паралелно се реставрира и постојната урбана опрема во паркот. Предвидено е и дополнително хортикултурно уредување со кое треба да се збогати зеленилото.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека претходно во Жена парк „Борец“ бил вратен и Вечниот оган кај фонтаната, кој не бил во функција. Тој посочи дека продолжува обновувањето и редовното одржување на постојните паркови, како и создавањето нови зелени површини.
