Регион
Дознај прв
ЦРНА ГОРА НУДИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА: награда за информации за Радое Звицер
Црногорското МВР нуди награда од 500.000 евра за точни информации кои ќе помогнат во лоцирањето и апсењето на Радое Звицер.

Целосна анонимност за инфо од Радое Звицер
Црногорското Министерство за внатрешни работи понуди награда од 500.000 евра за информации кои ќе помогнат во лоцирањето и апсењето на Радое Звицер, кој е идентификуван од властите како еден од водачите на таканаречениот Кавачки клан. За Звицер, кој со години е во бегство, распишана е црвена меѓународна потерница преку Интерпол. Црногорските власти го бараат во рамки на постапки поврзани со сомнежи за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои убиства, трговија со дрога, нелегално поседување оружје и експлозиви и перење пари. МВР соопшти дека наградата ќе биде исплатена за точни и проверливи информации кои директно ќе придонесат за неговото апсење.
Кој може да ја добие наградата?
Од црногорското МВР уверуваат дека идентитетот на лицето кое ќе достави корисни информации ќе биде целосно заштитен. Наградата нема да им следува на полициски службеници, нивни блиски, лица по кои и самите се распишани потерници, како и на оние кои ќе достават информации со кои надлежните органи веќе располагале. Црногорските власти со оваа мерка се обидуваат да дојдат до информации кои би помогнале во лоцирањето на Звицер, кој подолг период е недостапен за органите на прогонот. Потрагата по него продолжува и преку меѓународните механизми за полициска соработка.
