Скопје

(ФОТО) ДЕСЕТИЦИ УЧЕНИЦИ ОСТАНАА НА УЛИЦА: Се расипа автобусот број 22 во Ѓорче Петров

(ФОТО) ДЕСЕТИЦИ УЧЕНИЦИ ОСТАНАА НА УЛИЦА: Се расипа автобусот број 22 во Ѓорче Петров

Автобус со број 22 се расипал денеска пред амбулантата во Ѓорче Петров. Поради дефектот, десетици ученици и останати патници биле принудени да го напуштат автобусот. Патниците останале покрај патот, додека автобусот бил запрен пред амбулантата. Според информациите од терен, во автобусот имало поголем број ученици. Засега нема информации за повредени лица во инцидентот. Не е познато ниту колку време ќе биде потребно за отстранување на дефектот и нормализирање на превозот на оваа линија.