Македонија

(ФОТО) ВАНДАЛИЗАМ ВО КУМАНОВО: Искршени садници и украдени цвеќиња од градскиот плоштад

(ФОТО) ВАНДАЛИЗАМ ВО КУМАНОВО: Искршени садници и украдени цвеќиња од градскиот плоштад

Продолжува вандализмот врз зелените површини во Куманово, каде повторно се искршени садници од дрворедот, а оштетени и украдени се новозасадените цвеќиња на градскиот плоштад. За случајот информира ЈП „Чистота и зеленило“, од каде посочуваат дека со ваквите постапки се уништуваат вложените средства и трудот за уредување на јавните површини.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и да не го уништуваат она што е заедничко добро. Посочуваат дека јавните површини им припаѓаат на сите и дека нивното зачувување е заедничка одговорност. Истовремено, бараат од надлежните институции да го зголемат надзорот, да ги откријат сторителите и да преземат мерки. Од ЈП „Чистота и зеленило“ нагласуваат дека не е доволно штетата постојано да се санира, туку е потребна конкретна реакција за ваквите случаи да не се повторуваат.