Хроника

ЖЕНА ОД ПОДМОЧАНИ ФАТЕНА СО 142 КМ/Ч КАДЕ БИЛО ДОЗВОЕЛНО 50 КМ/Ч: Полицијата ѝ одзеде „ауди“

24-годишна жена од Подмочани била затекната со 142 км/ч на регионален пат кај Рајца. Полицијата ѝ одзела „ауди“.

ЖЕНА ОД ПОДМОЧАНИ ФАТЕНА СО 142 КМ/Ч КАДЕ БИЛО ДОЗВОЕЛНО 50 КМ/Ч: Полицијата ѝ одзеде „ауди“

24-годишна жена од ресенското село Подмочани била затекната како вози „ауди“ со 142 километри на час на регионален пат кај селото Рајца, каде што ограничувањето е 50 км/ч. Според информациите од МВР, случајот се случил на 19 октомври, околу 14:30 часот, кога полициски службеници од Ресен извршувале сообраќајна контрола со радар. Жената, со иницијали Е.Н., управувала автомобил со ресенски регистарски ознаки.

Радарот измерил 142 километри на час

При контролата било утврдено дека возилото се движело со 142 км/ч на делница каде што максималната дозволена брзина е 50 км/ч. Полицијата ја привела 24-годишната возачка, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен.

Ауди е одземено, ќе следува кривична пријава

По насоки на јавниот обвинител, автомобилот „ауди“ бил одземен. Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против жената ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.