Скопје
Дознај прв
Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола
Пожарот кај Рампа е локализиран, жртви нема, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата.

Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“ во Скопје е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Според него, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, било спречено ширење на огнот кон околните објекти.
Спречена поголема трагедија
Ѓорѓиевски истакна дека со навремената реакција е избегната поголема трагедија. Тој нагласи дека, за среќа, жртви нема, но при интервенцијата е повреден еден пожарникар, кој веднаш бил пренесен на клиника.
Благодарност до пожарникарите
„Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност“, нагласи Ѓорѓиевски. Тој додаде дека овој случај е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку пожарникарите секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за заштита на граѓаните.



