Македонија
Дознај прв
Годишнина од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква
На 18 јули 1967 година, на Третиот црковно-народен собор во Охрид, била донесена историската одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква.

На 18 јули 1967 година, на Третиот црковно-народен собор во Охрид, била донесена историската одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква. МПЦ била прогласена за наследничка на обновената Охридска архиепископија, а одлуката ја соопштил архиепископот Охридски и Македонски г. Доситеј. Денеска се одбележуваат 59 години од овој значаен настан во македонската црковна историја.
Патот до самостојна Македонска православна црква
Активностите за организирање на Македонската православна црква започнале уште во 1944 година, кога во селото Врановци бил создаден Иницијативен одбор. На Првиот црковно-народен собор, одржан на 4 март 1945 година во Скопје, била донесена резолуција за обновување на Охридската архиепископија како Македонска православна црква. Во октомври 1958 година во Охрид бил одржан Вториот црковно-народен собор, на кој г. Доситеј бил избран за прв архиепископ.
Автокефалноста признаена во 2022 година
Чинот на прогласување на автокефалноста бил извршен на Света архијерејска литургија во црквата „Света Богородица Перивлепта“ на 19 јули 1967 година. Во 2009 година, Македонската православна црква кон своето име ја додала одредницата „Охридска архиепископија“. По повеќедеценискиот црковен спор, Српската православна црква во 2022 година ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.
