Македонија

НАД 200 ГРАЃАНИ ДНЕВНО БАРААТ ПОМОШ ВО ГОСТИВАР: Причината за стомачните тегоби сè уште не е утврдена

Над 200 граѓани дневно бараат медицинска помош во Гостивар поради дијареја, повраќање и температура, а причинителот сè уште се испитува.

НАД 200 ГРАЃАНИ ДНЕВНО БАРААТ ПОМОШ ВО ГОСТИВАР: Причината за стомачните тегоби сè уште не е утврдена

Над 200 граѓани дневно бараат медицинска помош во гостиварската Општа болница поради слични стомачни тегоби, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Првите пациенти се јавиле ноќта на 13 јули, а оттогаш бројот на интервенции останува приближно ист. Само во последните 24 часа биле регистрирани 100 интервенции на педијатрија и 160 на инфективното одделение.

Пациентите имаат дијареја, повраќање и температура

Клиничката слика кај пациентите е слична и опфаќа дијареја, повраќање, а кај дел од нив и покачена телесна температура. Најголемиот број пациенти се третираат поради дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување. Клековски посочи дека болницата располага со потребниот медицински кадар и лекови за справување со состојбата.

Засега нема да биде прогласена епидемија

Епидемија во Гостивар засега нема да биде прогласена, бидејќи сè уште не е утврден причинителот на масовните стомачни тегоби. Надлежните институции спроведуваат лабораториски анализи и испитувања за вируси, бактерии, паразити и тешки метали, а се очекуваат и дополнителни резултати од анализите на водата. Министерот апелираше пациентите да соработуваат со епидемиолошките служби при анкетите, за што побрзо да се открие можниот извор.

ОЗНАКИ: Гостивар