Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: 16 лица уапсени, запленети дрога, оружје и муниција

Во полициска акција на повеќе локации во земјава се уапсени 16 лица. Извршени се 47 претреси, запленети се дрога, пиштоли, пушки и муниција.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: 16 лица уапсени, запленети дрога, оружје и муниција

Претресени 47 локации низ земјава, 16 лица уапсени

Во голема полициска акција спроведена на повеќе локации низ земјава, приведени се 16 лица, а запленети се дрога, огнено оружје и муниција. Акцијата траела два дена, при што биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории. При претресите биле пронајдени поголема количина марихуана, повеќе пакувања кокаин, како и помали пакувања кокаин подготвени за понатамошна продажба. Полицијата одзела и пиштоли, пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се поднесени 11 кривични пријави. Пријавите се однесуваат на сомненија за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

ОЗНАКИ: мвр