Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗЕЛЕНИКОВО ЛИЧНО ВОЗЕЛ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛА ДА СПРЕЧИ КАТАСТРОФА: Огнот ноќеска се приближил до првите куќи

Градоначалникот на Зелениково лично го одвел противпожарното возило до загрозените куќи откако пожарот ноќеска се приближил до домовите.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЗЕЛЕНИКОВО ЛИЧНО ВОЗЕЛ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛА ДА СПРЕЧИ КАТАСТРОФА: Огнот ноќеска се приближил до првите куќи

Во Зелениково спречена катастрофа – Пожарот се приближил до домовите

Драматична ноќ имало во Зелениково, каде пожарот околу 2 часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. Благодарение на брзата реакција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека околу 2 часот добил повик од видно вознемирена жителка, која побарала помош бидејќи пожарот се движел кон нејзината куќа. Веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде било потврдено дека противпожарно возило од станицата во Драчево веќе било упатено кон Зелениково.

Градоначалникот го однел возилото до загрозените куќи

Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Зелениково, Коста Маневски. Според Ангелов, Маневски веднаш го активирал општинското противпожарно возило и лично го одвезол до куќите кон кои се движел огнот.

На терен пристигнале и припадници на Доброволното противпожарно друштво од Зелениково, кои веднаш се вклучиле во гасењето. Во спречувањето на ширењето на огнот помогнале и жителите од најзагрозените куќи, кои претходно прскале со вода околу објектите и отстранувале грмушки и дрвја што можеле дополнително да го шират пламенот.

Огнот запрен пред да ги зафати домовите

Заедничката интервенција на пожарникарите и жителите овозможила огнената стихија да биде запрена пред да стигне до првите куќи. По интервенцијата, пожарот бил ставен под контрола, без да бидат зафатени домовите.

Ангелов упати благодарност до градоначалникот Маневски, жителите на Зелениково, доброволните пожарникари и скопската противпожарна бригада за брзата реакција, оценувајќи дека пожарот можел да предизвика сериозни последици и да уништи повеќе куќи.

Тој најави дека доброволните пожарникари од Зелениково ќе бидат вклучени во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а Дирекцијата ќе им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден огнен тим. Ангелов повторно апелираше до граѓаните на максимална внимателност поради високата опасност од пожари, нагласувајќи дека „доволна е само искра за вистинска катастрофа“.