Македонија

ДОБРОВОЛНИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ: Ангелов вели дека даваат извонредни резултати

ДОБРОВОЛНИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ: Ангелов вели дека даваат извонредни резултати

Доброволните пожарникари даваат извонредни резултати во справувањето со пожарите низ Македонија, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посебно ги пофали членовите на доброволните противпожарни друштва кои се вклучуваат во гаснењето на пожарите и работат во тешки услови.

Како пример го посочи пожарот во атарот на селото Алдинци во Општина Крушево, каде што тим од 20 доброволни пожарникари од ДПД „Архангел“ од Битола работел во текот на ноќта и во раните утрински часови. Пожарот таму бил целосно изгаснат благодарение на нивниот ангажман. Во Македонски Брод, пак, веќе три дена на тешко пристапен терен дејствуваат 25 доброволни пожарникари, заедно со пет оперативци на ДЗС. Ангелов порача дека ангажманот на доброволните пожарникари покажува колку значајна улога имаат во справувањето со огнената стихија.

Во текот на вчерашниот ден во Македонија биле регистрирани 27 пожари на отворен простор, од кои 20 биле целосно изгаснати.