Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) „ИСКЛУЧЕТЕ ЈА КЛИМАТА, ОД БАЗЕН СУМ СО МОКРА КОСА“: Вирално видео ја подели јавноста дали е во право такистот или патничката

„Исклучете ја климата со мокра коса сум“
Вирално видео објавено на ТикТок од профилот на Тами Соколовска ја подели јавноста поради расправија меѓу патничка и таксист околу користењето на климата.
„Исклучете ја климата, со мокра коса од базен сум“, му вели патничката на таксистот, кој одбива да ја исклучи бидејќи е најжешкиот дел од денот.
Таксистот вели дека не сака да ја исклучи климата затоа што ќе се разболи, а потоа ги прашува патниците дали се влажни. Девојката објаснува дека се враќа од „Воен базен“ во Аеродром и упорно бара климата да биде исклучена.
Во еден момент патниците бараат да излезат, на што таксистот им вели да платат, па тие прашуваат: „Колку да платиме, 2 денари за 5 секунди?“. На крајот патничката плаќа 130 денари и ја треснува вратата од таксито. Снимката предизвика бројни реакции, а јавноста е поделена околу тоа дали во право е таксистот што не сакал да ја исклучи климата или патничката која барала да биде исклучена.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram
