Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА: Денес на училиште се враќаат 238 илјади ученици
Денеска започнува учебната 2026/2027 година за 238 илјади ученици, а регистрирани се 14.952 првачиња и 16.932 средношколци.

За околу 238 илјади ученици денеска започнува новата учебна 2026/2027 година, од кои 174 илјади се основци, а 64 илјади средношколци. Наставата ќе трае до 10 јуни 2027 година, додека за матурантите ќе заврши на 17 мај. Засега се регистрирани 14.952 првачиња и 16.932 ученици запишани во прва година средно образование.
Во 620 училишни објекти настава во една смена
Новата учебна година започнува со едносменска настава во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти. Паралелно се спроведува оптимизација на училишната мрежа, поради што 26 подрачни училишта привремено се затвораат, а вкупно 148 училишни објекти во земјава се празни.
Набавени 622 илјади учебници
За учениците се набавени 622 илјади учебници, кои се распределени во училиштата според нивните потреби. Во новата учебна година ќе има и 433 паралелки помалку, додека за учениците со посебни образовни потреби се ангажирани вкупно 1.524 образовни асистенти.
View this post on Instagram
