Македонија
Дознај прв
АЛАРМАНТНА СТАТИСТИКА: Во септември ќе има 3.000 првачиња помалку од лани

Во претстојната учебна година се очекува во училиштата да се запишат околу 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година. Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека намалувањето на бројот на ученици во основното образование претставува загрижувачки тренд.
Според моменталните податоци, досега се запишани дури 4.900 првачиња помалку од лани. Сепак, уписите продолжуваат и во наредниот период, поради што се очекува разликата да се намали. Јаневска предупреди дека и по дополнителните уписи, бројот најверојатно ќе остане за околу 3.000 ученици помал.
Информацијата беше соопштена на прес-конференцијата на која беа презентирани резултатите од државната матура. Погледнете повеќе за прес-конференцијата:
ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МАТУРАТА: Просечната оценка е 3,66, најуспешни стручните матуранти
