Регион

ЛЕТУВАЊЕТО МУ ЗАВРШИЛО СО ТЕПАЧКА: Германски турист претепан во бар на Халкидики, двајца Грци обвинети

27-годишен германски турист бил претепан во бар на Халкидики. За инцидентот се обвинети двајца Грци, но одбраната има друга верзија.

ЛЕТУВАЊЕТО МУ ЗАВРШИЛО СО ТЕПАЧКА: Германски турист претепан во бар на Халкидики, двајца Грци обвинети

Летувањето на 27-годишен германски турист на Халкидики завршило со физичка пресметка во бар на плажа во Метаморфозис. Инцидентот се случил на 5 август, кога туристот бил во барот со пријатели, а подоцна останал сам и разговарал со 21-годишна девојка со која се познавал од претходната година. Според неговото сведочење, непознат маж почнал да му се заканува, по што тој се обидел да го напушти местото. Германецот тврди дека двајца мажи тргнале по него, го стигнале и почнале да го тепаат, при што добил удар во лицето, паднал на земја и изгубил свест. Кога се освестил, забележал дека ногата му била исечена и крварела, по што со помош на присутните го напуштил барот. За инцидентот се обвинети двајца Грци на возраст од 25 и 21 година, но одбраната на помладиот обвинет изнесува сосема поинаква верзија за случувањата.

Тепачката е снимена со камери

На видеоснимките се гледа физичка пресметка меѓу повеќе млади мажи, додека дел од присутните се обидуваат да го заштитат повредениот турист и да ја прекинат тепачката. Во еден момент, според снимките, едно лице зема и стол.

Одбраната тврди дека Германецот прв нападнал

Адвокатката на 21-годишниот обвинет тврди дека германскиот турист прв го нападнал неговиот пријател и дека причината за инцидентот бил љубовен спор. Случајот е предмет на истрага, а надлежните треба да ги утврдат сите околности и одговорноста на лицата вмешани во инцидентот.

Извор: Вечер