Хроника

Лишен од слобода на Табановце: Со „порше“ возел двојно над дозволеното

Тој управувал со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Лишен од слобода на Табановце: Со „порше“ возел двојно над дозволеното

Денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничниот премин „Табановце“, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „порше“ со холандски национални ознаки, управувано од 35-годишен државјанин на Холандија

Евидентиран преку „Safe City“

При проверката, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Возел 168 километри на час

Според евиденцијата, тој управувал со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. М.А. бил лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.