Хроника

ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ФАТЕН ВО ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА КОКАИН ПРЕД ЗАТВОРОТ ВО СТРУМИЦА: Пронајдени дрога, муниција и украден паричник

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за обид за продажба на кокаин. При претресите се пронајдени дрога, муниција и украден паричник.

ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ ФАТЕН ВО ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА КОКАИН ПРЕД ЗАТВОРОТ ВО СТРУМИЦА: Пронајдени дрога, муниција и украден паричник

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за обид за продажба на кокаин пред затворот во градот, а при претресите во неговиот дом и службените простории биле пронајдени дрога, муниција и паричник што потекнува од кражба. СВР Струмица поднесе кривична пријава против 50-годишниот Р.С. за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено држење и тргување со оружје и експлозивни материи и кражба. Тој бил лишен од слобода на 21 ноември, во близина на Затворот во Струмица, откако, според полицијата, се обидел да продаде кокаин на друго лице.

Пронајдени кокаин, марихуана и муниција

При претресот кај него биле пронајдени три пакувања кокаин, а при дополнителните претреси во неговиот дом и службените простории што ги користел во затворот биле откриени уште неколку пакувања кокаин, марихуана и дигитална вага. Во службениот ормар на пријавениот биле пронајдени и куршуми за пиштол во количина поголема од онаа што му била задолжена како затворски полицаец. Полицијата открила и паричник за кој било утврдено дека потекнува од кражба пријавена истиот ден, 21 ноември.

Определен му е притвор од 30 дена

За случајот бил известен јавен обвинител, а осомничениот бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесувањето на кривичната пријава, Р.С. бил изведен пред надлежен судија, кој му определил притвор во траење од 30 дена.

ОЗНАКИ: СТРУМИЦА
Жан Митрев