Магазин
Дознај прв
Македонецот Христов на чело на „Кока-Кола“ Грција и Кипар
Македонецот Ѓорѓи Христов е назначен за генерален директор на „Кока-Кола“ за Грција и Кипар, по речиси 20 години искуство во компанијата.

Македонецот Ѓорѓи Христов е назначен за нов генерален директор на компанијата „Кока-Кола“ за пазарите во Грција и Кипар, пренесе Фактор.
На новата функција тој ќе го наследи Ставрос Мурелатос, кој презема поширока раководна позиција во европската организација на компанијата.
Христов зад себе има речиси две децении професионално искуство во системот на „Кока-Кола“. Кариерата ја започнал во индустријата за премиум алкохолни пијалаци во Македонија, а потоа работел во маркетинг-секторот на „Пивара Скопје“.
Во компанијата „Кока-Кола“ се приклучил во 2011 година, по што извршувал повеќе раководни функции во Србија, Унгарија и на европско ниво.
Пред последното назначување, Христов бил генерален директор за регионот Адрија, каде што бил одговорен за пазарите во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Од компанијата очекуваат неговото меѓународно искуство и познавањето на пазарите да придонесат за понатамошен раст на брендовите на „Кока-Кола“ во Грција и Кипар.
