Економија

(ГРАФИК) ЕВРОСТАТ: Минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ отколку во Бугарија, Албанија Србија и Црна Гора

Минималната плата во Македонија, мерена според куповната моќ, е повисока од минималецот во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција.

(ГРАФИК) ЕВРОСТАТ: Минималната плата во Македонија има поголема куповна моќ отколку во Бугарија, Албанија Србија и Црна Гора

Според најновите податоци на Евростат, минималната плата во Македонија, мерена според куповната моќ, е повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција. Македонија се наоѓа на 16. место меѓу 27 анализирани земји, со вредност од 1.142 стандарди на куповна моќ, односно ППС. Србија е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора има 1.014, додека Албанија е последна со 705 ППС. На врвот на листата е Германија со 2.164 ППС, а по неа следува Луксембург со 2.108 ППС.

Сепак, според номиналниот износ, бруто-минималната плата во Македонија изнесува 624 евра и е пониска од минималецот во Србија од 743 евра и во Црна Гора од 670 евра. Во ова рангирање Македонија се наоѓа на 24. место меѓу 29 европски земји. Гувернерот Трајко Славески ги сподели податоците и потсети дека и претходно говорел за повисоката куповна моќ на македонскиот минималец.