Македонија

БЕКИР ХАЛИМИ И ВАЛОН БЕЉА ПРОГЛАСЕНИ ЗА НЕПОЖЕЛНИ ВО АЛБАНИЈА: Во следните 10 години не смеат да влезат во државата

Албанија ги прогласи имамот Бекир Халими и аналитичарот Валон Беља за непожелни лица и им забрани влез во земјата во следните десет години.

БЕКИР ХАЛИМИ И ВАЛОН БЕЉА ПРОГЛАСЕНИ ЗА НЕПОЖЕЛНИ ВО АЛБАНИЈА: Во следните 10 години не смеат да влезат во државата

Имамот Бекир Халими и политичкиот аналитичар Валон Беља се прогласени за непожелни лица во Албанија. Според информациите на „Репорт ТВ“, одлуката била донесена од албанското Министерство за внатрешни работи, по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот.

На Бекир Халими и Валон Беља им е изречена забрана за влез на територијата на Албанија во траење од десет години, а за Беља е издадена и наредба за депортација. Албанските служби се сомневаат дека тие дејствувале против суверенитетот, националната безбедност, уставниот поредок и јавниот ред во земјата.

Халими е имам кој во 2016 година бил исклучен од Исламската верска заедница во Македонија по несогласувања со раководството. Беља е поранешен политички активист и функционер, кој работел како шеф на кабинет во Министерството за здравство и како економски директор на Клиниката за гинекологија. Наредбата е доставена до албанската државна полиција и до структурите на Граничната управа за понатамошно постапување.