Македонија

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СО НОВ РЕКОРД: Бројот на патници зголемен за 29 отсто

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СО НОВ РЕКОРД: Бројот на патници зголемен за 29 отсто

Во првите девет месеци од 2026 година, скопскиот и охридскиот аеродром опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што е зголемување од 29 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 22.147 летови, односно 10 отсто повеќе од првите девет месеци во 2025 година. Скопскиот аеродром опслужил 3.065.692 патници, со раст од 29,07 отсто, додека охридскиот аеродром имал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76 отсто. Најфреквентна дестинација од Скопје е Истанбул, додека од Охрид најмногу патници патувале кон Братислава. „Визер“ има најголем удел во патничкиот сообраќај и на двата аеродроми. Во 2026 година се воведени и десет нови дестинации од Скопје и Охрид. Според АЦИ-Јуроп, Македонија во август била втор најбрзо растечки авијациски пазар во Европа, со раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто.

ОЗНАКИ: патници