Македонија
Дознај прв
МЕДИУМСКИОТ ПРИТИСОК СЕ ИСПЛАТЕШЕ: Насилникот Кристијан повторно е лишен од слобода

Кристијан Корабоски, осомничен за бруталното насилство врз Сара Ѓоргиеска од Охрид, повторно е лишен од слобода и приведен во полициската станица во Охрид. Тој претходно доби кривична пријава за „тешка телесна повреда“, откако Сара пријавила дека ја тепал и ја исфрлил од возилото пред супермаркет викендов.
Иако Обвинителството побарало мерки за претпазливост, судот првично му одреди забрана да ѝ се приближува на Сара на помалку од 50 метри, одземање на пасошот и обврска редовно да се јавува кај судија. Одлуката предизвика силен револт кај граѓаните и бројни реакции во јавноста, кои бараа построга мерка за осомничениот. За случајот реагираа многу јавни личности, па така медиумскиот притисок се исплатеше. По новиот развој, се очекува за Корабоски да биде побаран притвор во траење од 30 дена.
Инаку, утрово објавивме дека граѓаните се револтирани по првичната одлука.
Наскоро нови информации…

