Македонија
Дознај прв
МИЛИОНСКИ СОМНЕЖИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Украле 3,5 милиони евра, а сега се на боледување?
Милионски сомнежи во Државна лотарија се проверуваат во предистрага за криминали од 2024 година. Едно лице е на боледување од септември 2025 година. Истражувачката сторија ја објави медиумот Инфомакс.

ОЈО проверува дали има елементи на кривично дело
Случајот со сомнежите за милионски криминал во Државна лотарија сè уште е во предистражна постапка. Во текстот објавен од Инфомакс се наведува дека според ревизорски извештај и информации на редакцијата, станува збор за сомнежи за најмалку 3,5 милиони евра во 2024 година.
Лотарија бара проверка на боледувањето
Од Државна лотарија потврдиле дека едно лице поврзано со неправилностите наведени во ревизорскиот извештај е на континуирано боледување од септември 2025 година. Работодавачот побарал од Фондот за здравствено осигурување и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ја испитаат законитоста на боледувањето. Второто лице, според одговорот, било отстрането од секторот за финансии и прераспределено на друго работно место. Од Управата за финансиска полиција претходно навеле дека во тек се финансиски и сметководствени проверки за целосно утврдување на фактичката состојба.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
