Скопје

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОЦ: Воведен систем со бројчиња и дигитализација на документите

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ отвори модерна канцеларија за корисници со систем за бројчиња, нова ИТ-опрема и дигитализација на документите.

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОЦ: Воведен систем со бројчиња и дигитализација на документите

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ официјално отвори нова канцеларија за грижа за корисници, наменета за побрзо, поквалитетно и поефикасно услужување на граѓаните. Новиот простор има целосно обновен и модерен ентериер, како и подобри услови за прием на корисниците. Во канцеларијата е воведен современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња.

Дигитализација на документацијата

Претпријатието набавило нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата, како и нова информатичка опрема. Во просторот се инсталирани и системи за видеонадзор и алармна заштита. Со новата опрема се очекува административните постапки да бидат подобро организирани и побрзо завршувани.

Инвестицијата е реализирана со сопствени средства

Новата канцеларија е целосно реализирана со сопствени средства на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Од претпријатието посочуваат дека инвестицијата е дел од континуираниот процес на модернизација и подобрување на услугите. Со отворањето се создаваат подобри услови за граѓаните, но и поефикасна работа на административните служби.

ОЗНАКИ: поц