Македонија

МУЦУНСКИ НА СРЕДБА СО ЛАНДАУ ВО ВАШИНГТОН: Македонија и САД го зајакнуваат стратешкото партнерство

Муцунски во Вашингтон се сретна со Кристофер Ландау, при што беше потврдена заложбата за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и САД.

МУЦУНСКИ НА СРЕДБА СО ЛАНДАУ ВО ВАШИНГТОН: Македонија и САД го зајакнуваат стратешкото партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Вашингтон се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. На средбата била потврдена заедничката заложба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Соработка во одбраната, економијата и енергетиката

Муцунски го оцени разговорот како отворен, пријателски и содржаен, посочувајќи дека двете земји имаат блиски позиции за повеќе политички, економски и безбедносни прашања. Посебно внимание било посветено на одбраната и сојузништвото во рамките на НАТО, како и на можностите за развој на економската и енергетската соработка. На средбата се разговарало и за подобрување на регионалната поврзаност, во интерес на граѓаните на двете земји.

Разговори за стабилноста на Западниот Балкан

Муцунски и Ландау размениле мислења и за актуелната состојба во регионот и за важноста на американскиот ангажман на Западниот Балкан. Било нагласено значењето на континуираната поддршка од САД за мирот, безбедноста и економскиот просперитет на регионот. Муцунски престојува во Вашингтон на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, каде учествуваше на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам.