Спорт
Дознај прв
НЕМА ТВ ПРЕНОС ЗА МАКЕДОНИЈА: Дуелот со Австрија ќе може да се следи само преку овој линк
Австрија – Македонија од 16:05 часот нема да има ТВ пренос за македонската публика, но натпреварот ќе може да се следи преку интернет.

Македонските љубители на кошарката нема да можат да го гледаат на телевизија денешниот натпревар меѓу Австрија и Македонија од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Дуелот во Виена започнува во 16:05 часот, но за македонската публика нема обезбеден телевизиски пренос.
Само австриски ТВ-пренос
Натпреварот ќе биде пренесуван на австриската телевизија ORF Sport +, но таа не е достапна како телевизиски пренос за македонските гледачи. Македонија во мечот влегува со амбиција да продолжи со победничката серија и да направи важен чекор кон првото место во групата.
Ќе има начин да се следи натпреварот на Македонија
Иако нема телевизиски пренос кај нас, за натпреварот е обезбеден интернет-стрим, па навивачите ќе можат да ја следат Македонија онлајн. Во Виена се очекува и силна поддршка од македонската „Фаланга“, која најави масовно присуство на трибините.
