Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ СО ЕМОТИВНА ЧЕСТИТКА ДО ФЕДЕРЕР: „Никој не го заслужува ова повеќе од тебе“
Новак Ѓоковиќ му честиташе на Роџер Федерер за приемот во Тениската куќа на славните и му оддаде големо признание за кариерата.

Новак Ѓоковиќ му честиташе на својот голем ривал и пријател Роџер Федерер за приемот во Меѓународната тениска куќа на славните. Швајцарската легенда официјално стана член на Салата на славните во Њупорт, на церемонија исполнета со силни емоции. Федерер не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за својата кариера, семејството и четирите децении поминати во тенисот.
Ѓоковиќ му оддаде големо признание
„Роџер, честитки за приемот во Салата на славните. Сите знаевме дека овој ден ќе дојде порано или подоцна. Никој не го заслужува ова повеќе од тебе“, порача Ѓоковиќ во видео-честитката. Србинот му се заблагодари и за сè што направил за тенисот и истакна дека Федерер бил и останал голем амбасадор на спортот.
Еден од најголемите ривали во историјата
Федерер, Ѓоковиќ и Рафаел Надал ја одбележаа една од најславните ери во историјата на тенисот, со бројни незаборавни дуели на најголемите турнири. При приемот во Куќата на славните, Федерер со солзи зборуваше за луѓето кои ја одбележале неговата кариера и за спортот кој, како што самиот истакна, му значел сè.
@DjokerNole congratulates friend and rival, @rogerfederer on his induction to the @TennisHalloFame ♥️#InductionCelebration #CloserToGreatness pic.twitter.com/yc30XGi8OQ
— ATP Tour (@atptour) August 30, 2026
