Скопје

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ХАОС ВО СКОПЈЕ: Откорнати 35 покриви и 189 дрвја, оштетени 117 возила

Невремето во Скопје откорна 35 покриви и 189 дрвја, оштети 117 возила и седум семафори, а десет лица биле повредени.

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ХАОС ВО СКОПЈЕ: Откорнати 35 покриви и 189 дрвја, оштетени 117 возила

Силното невреме што вчера го зафати Скопје предизвика огромна материјална штета низ повеќе делови од градот. Според пријавите што граѓаните ги доставиле до Министерството за внатрешни работи, оштетени се вкупно 117 патнички возила.

Десет лица повредени во невремето

Силниот ветер откорнал или оштетил 35 покриви, а низ градот паднале дури 189 дрвја. Пријавени се и седум оштетени семафори, пет пожари и десет повредени лица. Штети биле регистрирани и на повеќе важни институции и објекти во главниот град.

Меѓу оштетените се објектите на Основното јавно обвинителство, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство. Последици од невремето имало и во комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база во Петровец и објектот на „Нова Македонија“.

Проблеми и на скопскиот аеродром

Поради протекување на покривот на Меѓународниот аеродром Скопје, работењето на излезот од државата било прекинато околу час и половина. Невремето предизвикало материјални штети и во други градови, меѓу кои Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Штип. Во Штип биле пријавени 14 оштетени возила и шест оштетени покривни конструкции.