Регион

ОД БЕЛГРАД ДИРЕКТНО ДО ТАЈЛАНД: „Ер Србија“ разговара за нови авионски линии до Бангкок и Пукет

ОД БЕЛГРАД ДИРЕКТНО ДО ТАЈЛАНД: „Ер Србија“ разговара за нови авионски линии до Бангкок и Пукет

Во седиштето на Air Serbia се одржани состаноци со делегација од Тајланд на кои се разговарало за воведување директни летови од Белград до Бангкок, како и до Пукет. Генералниот директор за комерцијала и стратегија на Air Serbia, Бошко Рупиќ, се сретнал со амбасадорот на Тајланд Сатана Кашемсант На Ајуѓа и почесниот конзул на Тајланд во Белград, Зоран Ѓукановиќ.

Главна тема на разговорите било воспоставувањето директна авионска линија меѓу Србија и Тајланд. Туристичката организација на Тајланд (TAT) ја потврдила подготвеноста за соработка со Air Serbia во промоцијата и реализацијата на линијата. На состаноците се разговарало и за олеснување на билатералните договори и трговијата меѓу двете земји. Новата линија би се вклопила во проширувањето на долголиниската флота на Air Serbia. Таа оперира со авиони Airbus A330-200 кон Северна Америка и Кина.

Веста дека од Белград директно ќе се лета до Тајланд побуди интерес и на Инстаграм. Погледнете повеќе.