Магазин

ПО ДЕН ПОМИНАТ НА СОНЦЕ: Овие пет намирници му помагаат на телото побрзо да закрепне

Лубеница, краставица, јогурт, банани и домати можат да помогнат во хидратацијата и надоместувањето минерали по ден поминат на сонце.

ПО ДЕН ПОМИНАТ НА СОНЦЕ: Овие пет намирници му помагаат на телото побрзо да закрепне

Долгото изложување на сонце и високите температури можат да предизвикаат дехидратација и губење важни минерали преку потењето. По ден поминат на плажа, планина или на отворено, покрај доволно вода, корисно е да се внесат намирници богати со течности, електролити и антиоксиданси.

Лубеница, краставица и јогурт за хидратација

Лубеницата е богата со вода и може да придонесе за рехидратација, а истовремено содржи витамини А и Ц. Краставицата, исто така, има големо количество вода и претставува лесен и освежителен избор по престој на високи температури.

На листата се наоѓа и јогуртот, кој содржи протеини, калциум и пробиотици. Тој може да биде дел од лесен оброк по напорен и топол ден, особено кога организмот има потреба од течности и хранливи материи.

Бананите го надоместуваат калиумот, доматите содржат антиоксиданси

Бананите се богати со калиум, минерал што се губи преку потењето и има важна улога во одржувањето на електролитната рамнотежа. Доматите содржат ликопен и други антиоксиданси, кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Покрај правилната исхрана, се препорачуваат доволен внес на вода, престој во ладовина и одмор додека организмот не закрепне. Алкохолот треба да се избегнува по подолго изложување на сонце, бидејќи може дополнително да придонесе за дехидратација.