Економија

НОВА ТУРСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: „Сиврилер груп“ планира да вложи 25 милиони евра

Турската „Сиврилер груп“ разгледува инвестиција од 25 милиони евра во Македонија и отворање на повеќе од 100 нови работни места

НОВА ТУРСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: „Сиврилер груп“ планира да вложи 25 милиони евра

Турската компанија „Сиврилер груп“ разгледува нова инвестиција во Македонија, вредна 25 милиони евра, со која се планира отворање на повеќе од 100 работни места. Инвестицискиот проект бил тема на работна средба меѓу директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, и директорот на компанијата, Ахмет Сиври.

Планиран производствен капацитет ориентиран кон извоз

На средбата биле презентирани можностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони, условите за инвестирање и поддршката што ДТИРЗ им ја обезбедува на компаниите во сите фази од инвестицискиот процес.

Според првичните планови, инвестицијата на „Сиврилер груп“ треба да биде насочена кон воспоставување нов производствен капацитет со извозна ориентација. Реализацијата на проектот би донела повеќе од 100 нови работни места.

Претставниците на компанијата ја посетија ТИРЗ Скопје

Во рамките на посетата на ТИРЗ Скопје, претставниците на турската компанија се запознале со инфраструктурните капацитети и условите достапни за потенцијалните инвеститори.

Од компанијата изразиле задоволство од можностите за инвестирање во Македонија и ја оцениле посетата како значаен чекор во понатамошната процена на проектот. Разговорите за неговата евентуална реализација ќе продолжат и во следниот период.

Жан Митрев