Свет
Дознај прв
ПОВТОРНО МОЖЕ ДА СЕ АПЛИЦИРА ЗА ИМИГРАНТСКА ВИЗА ЗА САД: Поништена забраната за македонските граѓани
Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД, откако федерален суд ја поништи забраната за 75 земји.

Федерален суд ја поништи забраната
Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД, откако федерален суд ја поништи забраната за издавање визи за државјани на 75 земји. Мерката беше воведена во јануари од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а на листата се најде и Македонија, заедно со Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово. Суспензијата се однесуваше на визи за постојан престој, односно на лица кои планираат преселување во САД поради семејно обединување или вработување. Забраната не ги опфаќаше неимигрантските визи, како туристичките и студентските.
Судијата оцени дека забраната е незаконска
Судијката Џенет Варгас оцени дека мерката е спротивна на законот и ги надминува овластувањата на државниот секретар Марко Рубио. Според судот, одбивањето имигрантска виза поради можноста апликантот да стане товар за јавните фондови мора да се темели на индивидуална проценка, а не само на земјата од која доаѓа. Во проценката треба да се земат предвид финансиската состојба, возраста, здравствената состојба, вештините и семејните околности на секој апликант. Судијката ги поништи и претходните одбивања на визи кои биле засновани исклучиво на ваквото образложение, додека администрацијата има право да поднесе жалба.
