Свет

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА АВИОНА ВО МАЈАМИ: Двајца повредени, инцидентот се случи по хаосот во американскиот воздушен сообраќај

Патнички „Боинг 737“ на Copa Airlines и товарен „Боинг 767“ на UPS се судрија на аеродромот во Мајами. Двајца се полесно повредени, FAA истражува.

(ВИДЕО) СУДИР НА ДВА АВИОНА ВО МАЈАМИ: Двајца повредени, инцидентот се случи по хаосот во американскиот воздушен сообраќај

Два авиона се судрија на меѓународниот аеродром во Мајами, при што две лица се здобиле со полесни повреди. Инцидентот се случил во саботата околу 21:15 часот, само еден ден по големите нарушувања во американскиот воздушен сообраќај предизвикани од привременото запирање на полетувањата. Според Федералната управа за цивилно воздухопловство (FAA), крилото на патнички „Боинг 737“ на „Копа ерлајнс“ удрило во предниот дел на товарен „Боинг 767“ на UPS додека двата авиона се движеле по рулната патека.

Во патничкиот авион имало 172 лица

Во авионот на „Копа ерлајнс“ имало 166 патници и шест членови на екипажот, кои безбедно се евакуирале по судирот. Повредените добиле помош од спасувачките екипи на аеродромот. Според првичните информации, контролорите на летање му кажале на екипажот на товарниот авион да го пропушти патничкиот авион, но пилотот на UPS подоцна признал дека продолжиле предалеку и дека со авионот го закачиле „Боингот 737“.

FAA отвори истрага за инцидентот

Еден од патниците раскажал дека по ударот авионот нагло се поместил настрана, но екипажот брзо реагирал и ги смирил присутните. Федералната управа за цивилно воздухопловство отвори истрага за да се утврдат причините и околностите на судирот. Двете авиокомпании соопштија дека ќе соработуваат со надлежните институции.

Жан Митрев