Македонија

ПОЖАРИТЕ ВО ИЛИНДЕН И БИГЛА СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА: Четири активни пожари и натаму горат низ Македонија

Пожарите во Илинден и кај делчевска Бигла се ставени под контрола, но низ Македонија и натаму има четири активни пожари.

ПОЖАРИТЕ ВО ИЛИНДЕН И БИГЛА СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА: Четири активни пожари и натаму горат низ Македонија

Пожарите во селото Илинден и кај делчевското село Бигла се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи. Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати.

Четири пожари и натаму активни

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон селата Палиград и Вражале. Пожар има и во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица. Активен е и пожарот во Општина Кичево, кај селото Тајмиште и месноста Дарда, како и во Општина Гостивар, кај селото Горна Ѓоновица.

Под контрола пожари во четири подрачја

Покрај Илинден и Бигла, под контрола се и пожарите кај селото Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште, кај селата Ломница и Ѓерѓевиште. Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата на терен и со активности за спречување на повторно ширење на огнот.

ОЗНАКИ: пожари