Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „СЕ ПЛАШАМ ЗА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ, НЕ ЗНАМ ДАЛИ ЌЕ ПОСТОЈАМ ДО УТРЕ“: Јутуберот Ритко тврди дека со месеци добива закани и рекет

Јутуберот Ритко Мемедов јавно алармира за сериозна ситуација, тврдејќи дека тој и неговото семејство со месеци се изложени на вознемирување, закани и притисок. Според неговите наводи, лица дошле пред неговиот дом и го барале, а притоа упатувале закани и кон неговата мајка. Ритко тврди дека од него се обиделе да изнудат пари во замена за наводна „заштита“ на неговиот живот. Тој вели дека најмногу стравува за безбедноста на своето семејство, особено за неговото 11-месечно дете.
Како што тврди, му биле упатени и брутални закани дека ќе го стават во „црни вреќи“ и ќе го малтретираат. Јутуберот Ритко објави снимки на кои, според него, се гледаат лицата кои се поврзани со случајот, со цел надлежните институции да реагираат и да ги проверат неговите наводи.
Целата ситуација, според него, трае со месеци и сериозно влијае врз неговото чувство на безбедност и безбедноста на неговото семејство.
View this post on Instagram
