Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Попладне во Македонија се очекува стабилизирање на времето

Денеска во Македонија променливо облачно со повремен дожд во западните и североисточните делови. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност.

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Попладне во Македонија се очекува стабилизирање на времето

Времето денеска, 21 ноември, ќе биде променливо облачно, а во утринските и раните претпладневни часови на повеќе места ќе има повремен дожд. Врнежи се очекуваат претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, па времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, со брзина над 60 километри на час.

Температурите низ Македонија

Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 10 до 22 степени, зависно од регионот. Најтопло се очекува да биде во југоисточните делови од земјава.

Какво време ќе има во Скопје?

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

Жан Митрев