Регион
Дознај прв
РОМАНИЈА МИНИРА КАРПИ ВО ДУНАВ: Се обидува да обезбеди вода за нуклеарната централа
Романија изведува контролирани експлозии во каналот Бала за да насочи повеќе вода кон нуклеарната централа Чернавода, каде е затворен еден реактор.

Романските поморски сили изведуваат контролирани експлозии во каналот Бала на Дунав поради рекордно ниското ниво на водата. Целта не е директно да се зголеми водостојот на целата река, туку да се отстранат пречките и да се насочи поголемо количество вода кон старото корито. На тој начин властите се обидуваат да обезбедат доволен проток до нуклеарната централа Чернавода. Ниското ниво на Дунав веќе доведе до прекин на работата на еден од реакторите во централата.
Романија почна да увезува струја од Украина
Компанијата „Нуклеарелектрика“ соопшти дека почнала да увезува електрична енергија од Украина за да го надомести недостигот создаден по затворањето на реакторот. Според компанијата, мерката треба да помогне во одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем во услови на намалено домашно производство. Романија прогласила и вонредна состојба поради падот на производството на електрична енергија.
Нискиот водостој создава проблеми и во Унгарија
Проблемите предизвикани од ниското ниво на Дунав не се ограничени само на Романија. Тешкотии се појавиле и во работата на унгарската нуклеарна централа, бидејќи нема доволно вода за ладење на реакторите. Експертите нагласуваат дека нема причина за паника, но оценуваат дека состојбата ја покажува потребата од преминување кон затворени системи за ладење.
