Регион
Дознај прв
ДУНАВ ПО 13 ГОДИНИ ГО „ВРАТИ“ УКРАДЕНИОТ АВТОМОБИЛ: „Опел корса“ извлечена од речното корито
Украден „опел корса“ е пронајден на дното на Дунав по 13 години, откако ниското ниво на водата го откри возилото кај градот Соб.

Автомобил „опел корса“, украден од пензионер во Унгарија пред 13 години, е пронајден на дното на Дунав. Возилото станало видливо благодарение на рекордно ниското ниво на реката и повлекувањето на водата кај градот Соб. Автомобилот бил украден во 2013 година, а се претпоставува дека сторителите го турнале во Дунав за да ги сокријат трагите.
Пожарникарите го извлекле возилото
Откако остатоците од автомобилот се појавиле во пресушениот дел од речното корито, на терен биле повикани пожарникари. Тие успеале да ја извлечат „опел корсата“, која со години лежела под вода. Во внатрешноста на возилото биле пронајдени и неколку десетици риби, кои го користеле автомобилот како своевидно живеалиште.
Табличките го откриле сопственикот
Сопственикот Имре Пастор за необичното откритие дознал од познаник. Според регистарските таблички било потврдено дека станува збор токму за неговиот автомобил, кој исчезнал во 2013 година. Необичниот случај повторно го привлекол вниманието кон последиците од рекордно ниското ниво на Дунав, кое открива предмети со години скриени под водата.
