Магазин
Дознај прв
РОНАЛДО НАЈАВИ ПЕНЗИЈА ВО 2027 ГОДИНА: „Ова најверојатно ќе биде мојата последна година во фудбалот“

Кристијано Роналдо најави дека најверојатно ќе се пензионира од фудбалот во 2027 година, по завршувањето на сезоната која штотуку започна. Роналдо има договор со Ал Наср до 2027 година.
Во интервју за магазинот „Вог“ тој рече дека сака во последните месеци од кариерата да остави „спектакуларно наследство“. Португалецот истакна дека не се плаши од она што следи и дека иднината по фудбалската кариера му е целосно испланирана.
Тој вели дека има повеќе обврски со кои ќе продолжи да работи, а не може да издвои само една работа што ќе ја прави по пензионирањето. Роналдо додаде дека очекува интересен период по крајот на кариерата, во кој ќе патува повеќе, ќе игра и ќе гледа падел и ќе ужива во она што го стекнал.
