Скопје

СЕ САНИРААТ ОШТЕТУВАЊАТА НА СЕРАВА: Костовски најави дека нема да дозволи неквалитетна изведба

По налог на градоначалникот Дарко Костовски започна санација на оштетувањата на коритото на Серава, изградено во должина од 1.800 метри.

СЕ САНИРААТ ОШТЕТУВАЊАТА НА СЕРАВА: Костовски најави дека нема да дозволи неквалитетна изведба

По налог на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, започна санацијата на сите оштетувања на коритото на реката Серава. Екипите од вчера активно работат на терен, а најавено е дека сите забележани недостатоци ќе бидат отстранети согласно договорот. Костовски порача дека нема да дозволи неквалитетна изведба на проектот, кој, според него, граѓаните го чекале четири децении.

Изградено корито во должина од 1.800 метри

Во рамките на проектот е изградено речно корито во должина од 1.800 метри. Покрај него се уредени трим-патека и простор со нова урбана опрема. Градоначалникот нагласи дека проектот е целосно завршен, но дека изведувачот ќе мора да ги санира сите оштетувања што се појавиле.

Нов парк за спорт и рекреација

На кејот е направен и парк на површина од 5.000 квадратни метри. Просторот е оплеменет со зеленило и е наменет за спорт, рекреација и одмор на жителите. Од Општина Бутел очекуваат со санацијата целосно да се заштити инвестицијата и просторот да остане безбеден и функционален за граѓаните.