Македонија

ВИДЕО | ГОРИ ВО ВАЛАНДОВСКО: Пожарот се проширил од депонијата, интервенираа два „ер трактори“

Два пожара избувнаа во Валандовско. Пожарот кај Удово е изгаснат, додека огнот кај локалната депонија во Валандово сè уште е активен.

ВИДЕО | ГОРИ ВО ВАЛАНДОВСКО: Пожарот се проширил од депонијата, интервенираа два „ер трактори“

Два пожара избувнаа попладнево на подрачјето на Валандово, од кои едниот кај градот сè уште е активен. Првиот пожар бил пријавен околу 13 часот во атарот на селото Удово, каде што веднаш биле испратени противпожарни екипи. Набргу потоа избувнал и пожар на локалната депонија во близина на Валандово, кој поради ветерот брзо се проширил кон околната ниска вегетација.

Побарана интервенција од воздух

Поради стрмниот и тешко пристапен терен, како и густата вегетација, градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, побарал воздушна поддршка. Набргу биле активирани два авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Со нивната интервенција била воспоставена делумна контрола врз пожарот.

Пожарот кај Удово е целосно изгаснат

Пожарот кај локалната депонија и натаму е активен на еден од неговите краци, а екипите продолжуваат со интервенцијата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информирал дека пожарот кај селото Удово е целосно ликвидиран. Надлежните остануваат на терен поради ризикот од повторно ширење на огнот.

Жан Митрев