Македонија

СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА ДОСТИГНА 70.358 ДЕНАРИ: Трошоците за живот повторно пораснаа

Синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 70.358 денари, што е зголемување од 926 денари во однос на септември, според податоците на ССМ.

СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА ДОСТИГНА 70.358 ДЕНАРИ: Трошоците за живот повторно пораснаа

Синдикалната минимална кошница за месец октомври изнесува 70.358 денари, покажуваат најновите податоци објавени од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во споредба со септември, кога кошницата изнесуваше 69.432 денари, минималните месечни трошоци за едно четиричлено семејство се зголемиле за 926 денари.

За еден месец потребни се речиси 1.000 денари повеќе

Зголемувањето од 926 денари во однос на септември претставува дополнителен товар за семејните буџети. Синдикалната минимална кошница ги опфаќа основните потреби на четиричлено семејство, вклучувајќи храна, пијалаци, домување, хигиена и други неопходни трошоци.

Колку изнесува кошница со изнајмен стан?

За семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималниот месечен трошок во септември достигнува 84.807 денари. што е за 15.375 денари повеќе од основната Синдикална минимална кошница. Во споредба со септември 2024 година, кога со изнајмен стан од 60 м² биле потребни 76.681 денар, денес се потребни 8.126 денари повеќе.

БРОЈКИТЕ ЈАСНО ЈА ПОКАЖУВААТ ДВИЖЕЊЕТО НА ТРОШОЦИТЕ

Септември 2024: 61.306 денари
Септември 2025: 65.077 денари
Септември 2026: 69.432 денари