Економија

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ЗА ЈУНИ 68.654 ДЕНАРИ: Најмногу пари одат за храна

Синдикалната кошничка за јуни изнесува 68.654 денари, а најголем дел од трошоците на едно семејство одат за храна.

СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА ЗА ЈУНИ 68.654 ДЕНАРИ: Најмногу пари одат за храна

Синдакалната кошничка за јуни потврдува – Храната останува најголем трошок

Синдикалната минимална кошничка за месец јуни изнесува 68.654 денари за едно четиричлено семејство кое не живее под кирија. Според податоците на ССМ, трошоците за храна и понатаму се најголемата ставка, иако во овој период има пад на цените на сезонското овошје и зеленчук. За храна, како што се наведува, се троши една просечна плата.

ССМ бара состанок на Социо-економскиот совет

За покривање на сите основни трошоци, според ССМ, не се доволни ниту две и пол просечни плати. Од Синдикатот оценуваат дека овие показатели покажуваат осиромашување на граѓаните и бараат итен состанок на Социо-економскиот совет. Владата, пак, за периодот од 10 до 15 јули ја најавува својата пресметка на трошоците за живот. Од Министерството за економија велат дека таа пресметка не се прави како пандан на синдикалната кошничка, туку за добивање реални показатели за идни политики и мерки. Според податоците, синдикалната кошничка се изработува од 2010 година, а од 2023 година е проширена на 11 групи производи.

Погледнете повеќе.