Македонија

СПЕКТАКЛ ВО ШТИП: Јован Јованов и Елвир Мекиќ со големо музичко шоу на Пастрмалијада

Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 19 септември ќе настапат на Пастрмалијада во Штип, со специјални гости Маја Саздановска и Тони Зен.

СПЕКТАКЛ ВО ШТИП: Јован Јованов и Елвир Мекиќ со големо музичко шоу на Пастрмалијада

Јован Јованов и Елвир Мекиќ продолжуваат со концертната турнеја низ Македонија, а следната станица е Штип. Двајцата музичари на 19 септември, сабота, ќе настапат на Градскиот стадион во рамките на Пастрмалијада, каде ќе бидат ѕвезди на вечерта. Публиката ќе има можност да ужива во нивните познати хитови, меѓу кои „Магија“, „Армија“, „Слаба точка“, „Адреналин“, „Некаде после 2“ и „Итно ми требаш“.

СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ НА КОНЦЕРТОТ ВО ШТИП

Со Јован и Елвир и овојпат ќе настапат бендот и танчарите кои ги придружуваа на концертот во Скопје. Специјални гости на концертот во Штип ќе бидат Маја Саздановска и Тони Зен, што дополнително ќе ја збогати музичката вечер.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН

Пастрмалијадата започнува во 19 часот, а влезот на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ е бесплатен. Организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, носталгија и атмосфера, особено за сите оние кои го пропуштија нивниот концерт во Скопје или сакаат повторно да ја почувствуваат истата енергија.