Спорт
Дознај прв
УЕФА ГИ ПОТВРДИ ДОМАЌИНИТЕ: Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалињата во ЛШ
УЕФА ги потврди домаќините на финалињата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за 2028 и 2029 година.

УЕФА ги потврди домаќините на финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоните 2027/28 и 2028/29. Финалето во Лигата на шампионите во 2028 година ќе се игра на „Фудбалската арена Минхен“, домот на Баерн Минхен, додека една година подоцна спектаклот ќе се пресели на „Камп Ноу“ во Барселона.
БУКУРЕШТ И БЕЛГРАД СО УЕФА ФИНАЛИЊА ВО ЛИГА ЕВРОПА
Во Лигата на Европа, финалето во 2028 година ќе се игра на Националната арена во Букурешт. Една година подоцна, домаќин ќе биде новиот Национален стадион во Белград, кој треба да биде изграден до 2027 година.
ДВЕ ГОЛЕМИ ФУДБАЛСКИ ВЕЧЕРИ НА БАЛКАНОТ
Тоа значи дека во 2029 година Барселона и Белград ќе бидат домаќини на две големи европски клупски финалиња. УЕФА соопшти дека изборот на домаќините е направен на состанокот на Извршниот комитет во Солун.
