Регион

СТРАОТНА НОЌ ВО АЛБАНИЈА: Огнената стихија проголта шест куќи

Голем шумски пожар во Химара, Албанија, уништи шест куќи. Жители и туристи биле евакуирани, а според првичните информации нема повредени.

СТРАОТНА НОЌ ВО АЛБАНИЈА: Огнената стихија проголта шест куќи

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата на општина Химара, на албанското крајбрежје. Силниот ветер дополнително го разгорел огнот, кој брзо се проширил и стигнал до населеното подрачје. Според службите за итни случаи, во пожарот целосно се уништени шест куќи, од кои три биле населени, а останатите биле празни.

Жителите и туристите во Албанија бегале на безбедно

Огнената стихија предизвикала паника меѓу жителите и туристите, кои биле принудени да ги напуштат домовите и објектите во кои престојувале. Жителите сведочат за тешка и неизвесна ноќ додека пожарот се ширел низ подрачјето.

За среќа, нема повредени

И покрај големата материјална штета, според првичните информации нема повредени лица. Надлежните служби продолжуваат да се справуваат со последиците од пожарот и да ги утврдуваат сите околности.