Скопје

(ВИДЕО) СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА И ТРАДИЦИОНАЛНА ОБЛЕКА: Кружи вирална снимка од деца кои запираат возила во Чаир и со рацете формираат двоглав орел

(ВИДЕО) СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА И ТРАДИЦИОНАЛНА ОБЛЕКА: Кружи вирална снимка од деца кои запираат возила во Чаир и со рацете формираат двоглав орел

Деца облечени во албанска традиционална облека, со кечиња и албански знамиња, денеска привлекоа внимание во скопската населба Чаир. Во близина на бензинската станица „Макпетрол“, тие ги запираат автомобилите и со спојување на рацете го формираат симболот на двоглавиот орел.

Погледнете го видеото кое е вирално на социјалните мрежи.

Станува збор за низа прослави во пресрет на 28 Ноември, Денот на албанското знаме и Денот на независноста на Албанија. На овој датум во 1912 година, во Валона била прогласена независноста на Албанија. Празникот традиционално се одбележува и меѓу Албанците во Албанија, Македонија, Косово и дијаспората. Во скопската населба Чаир активности за прославата се предвидени шест дена.

Жан Митрев