Скопје

ВЕЧЕРВА БЕЛА НОЌ ВО СКОПЈЕ: Продолжено работно време на локалите, бесплатен ЈСП и влез во ЗОО, најзвучен настапот на Џамбазов

ВЕЧЕРВА БЕЛА НОЌ ВО СКОПЈЕ: Продолжено работно време на локалите, бесплатен ЈСП и влез во ЗОО, најзвучен настапот на Џамбазов

Скопје вечерва ќе ја одбележи манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе се одржува на повеќе локации низ градот. Угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје ќе работат два часа подолго, за дружењето и атмосферата да траат до подоцна. Превозот со автобусите на ЈСП ќе биде бесплатен од 18 часот денеска до 5 часот утре, а бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Манифестацијата ќе трае од 19 до 3 часот, со музичка, културна и уметничка програма на повеќе локации. Како најзвучен настан за вечерва се издвојува настапот на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд на плоштадот „Мајка Тереза“, со почеток во 22 часот. Уметнички содржини ќе има и во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица, во Старата скопска чаршија, како и во повеќе музеи, галерии и културни центри.

Погледнете ја фотогалеријата: