Македонија
Дознај прв
ВИДЕО – „CAKE SHOT“ ШОУ ВО БИТОЛА: Стив Аоки фрлаше торти кон публиката
Стив Аоки го приреди своето легендарно „Cake Shot“ шоу во Битола, фрлајќи торти кон посетителите во првите редови на стадионот.

Светски познатиот диџеј Стив Аоки го приреди своето легендарно „Cake Shot“ шоу за време на настапот во Битола. Од сцената тој фрлаше големи торти кон посетителите во првите редови, кои со кренати раце чекаа да бидат дел од препознатливиот момент. Шоуто предизвика воодушевување кај публиката и дополнително ја подигна атмосферата на Градскиот стадион „Петар Милошевски“.
Препознатлив дел од настапите на Аоки
Фрлањето торти кон публиката со години е еден од заштитните знаци на настапите на американскиот диџеј. Посетителите кои сакаат да бидат погодени со торта обично застануваат во првите редови и носат натписи со кои го привлекуваат неговото внимание. Аоки го изведува овој дел од шоуто на големи фестивали и концерти низ целиот свет.
Светски спектакл на „Bitola Calling“
Настапот на Стив Аоки се одржа на 2 август во рамките на фестивалот „Bitola Calling“, во организација на „Авалон продукција“. Светската ѕвезда премиерно настапи во Битола, носејќи го своето енергично аудиовизуелно шоу по кое е познат на најголемите светски фестивали. Покрај „Cake Shot“ моментите, Аоки го развеа и македонското знаме пред публиката на стадионот.
